Москва го обвинува Киев поради новото стрелање врз територијата на Русија и бара прекин на овие активности, се кажува во соопштение на интернет-страницата на МНР на Русија.
„На 10 јули како резултат на дејствата на украинската армија, од артилериски орудија повторно беше стрелан рускиот граничен премин на руско-украинската граница“, се кажува во соопштението.
Во моментот на стрелбата во реонот се наоѓале 230 бегалци од територијата на Украина. Само поради среќна околност немало жртви. Бегалците се евакуирани на безбедно место.
„Дејствата на украинската страна се грубо нарушување на основните принципи на меѓународното право“, забележува Министерството за надворешни работи на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче