Русија лансираше ракета од космодромот Плесецк

Вчера од рускиот космодром Плесецк беше лансирана ракетата „Рокот“ со три комуникациски сателити, пренесува агенцијата РИА „Новости“.

Вчера од рускиот космодром Плесецк беше лансирана ракетата „Рокот“ со три комуникациски сателити, пренесува агенцијата РИА „Новости“.

Сателитите ќе ја зголемат орбиталната група на сателитскиот систем Гонец од седум на десет космички уреди. Овој систем овозможува решавање на задачите за мониторинг на различни објекти од инфраструктурата и пренесување на навигациски податоци, добиени од системот ГЛОНАС.

Лансирањето на ракетата „Рокот“ е прво лансирање на ракета-носач од космодромот Плесецк од петокот, кога не беше извршено првото пробно лансирање на најновата руска ракета Ангара. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња