Руски медиуми: повеќето руски министри решија да одмораат летово во Русија

Голем број министри и вицепремиери од Русија летово решија да се воздржат од патувањата во странство, особено во државите кои воведоа санкции против Русија, пишува весникот „Известија“.

Голем број министри и вицепремиери од Русија летово решија да се воздржат од патувањата во странство, особено во државите кои воведоа санкции против Русија, пишува весникот „Известија“.

Како што изјави портпаролот на премиерот на Русија, Наталија Тимакова, станува збор не за наредба туку за „колективно решение на сите министри и вицепремиери“, прифатено како знак на солидарност со оние министри и вицепремиери кои се најдоа под санкциите поради „одредени случувања“.

Според зборовите на Тимакова, таа нема информации дека некој се подготвува да го помине својот одмор во државите на Европската унија кои воведоа санкции против Русија.

Повеќето министри, според информациите на весникот, ќе одмораат во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња