Владимир Путин потпиша указ за празнување на 100-годишнината од денот на раѓање на рускиот писател Александар Солженицин, пренесува прес-службата на претседателот на Русија.
„Земајќи го предвид големото значење на творештвото на Солженицин за руската култура, шефот на државата нареди да се разработи план за организирање на активности околу празнувањето на 100-годишнината од раѓањето на писателот во 2018 година“, наведено е во извештајот на прес-службата.
Путин исто така им препорача на органите од извршната власт во регионите да земат учество во подготовката и спроведувањето на активностите по повод денот на раѓањето на Александар Солженицин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче