Интересот на странските инвеститори за Крим не исчезна и покрај санкции кои ги воведоа САД и ЕУ, изјави за руските новинари министерот на Русија за Крим, Олег Савелев.
Тој нагласи дека после посетата на претседателот Владимир Путин во Кина, за Крим покажале интерес инвеститорите од југоисточна Азија.
„Многу странски инвеститори апсолутно спокојно доаѓаат на Крим и на лице место преговараат. Мислам дека тој тренд постојано ќе расте“, изјави Савелев.
Министерот нагласи дека на крај здравиот разум ќе преовлада над политиката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче