Анкета: Русите позитивно ја оценуваат надворешната политика на Путин

Русите изјавиле дека позитивни се активностите на претседателот Владимир Путин за време на неговиот трет претседателски мандат. Ова следува од анкетата спроведена од социолошката служба на „Фондот за јавно мислење“ (ФОМ).

Според резултатите, 55% од Русите сметаат дека Путин се справува со обврските многу подобро од претходните мандати. Бројот на анкетирани кои ги потенцираат успесите на претседателот во надворешната политика се зголеми од 27% на 42% во последниве две години.

Исто така, Русите го оценуваат приклучувањето на Крим кон Русија како позитивно решение, како и одржувањето на Олимпијадата во Сочи и дејствата околу ситуацијата во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.