Руските космонаути кои се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица снимија видео честитка за сите жители на Русија по повод главниот државен празник, соопшти Роскосмос.
Во пораката од орбитата се кажува дека „големината на државата започнува од љубовта на секој граѓанин кон Татковината“.
Во моментов на МВС работат шестмина: руските космонаути Александар Скворцов, Олег Артемјев и Максим Сураев, астронаутите на НАСА Рид Вејсман и Стивен Свенсон, како и астронаутот на Европската вселенска агенција, Александар Герст.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче