Русија сѐ уште нема добиено писмено известување од Бугарија за замрзнување на проектот „Јужен тек“

Русија сѐ уште не добила никакво известување на нити едно ниво за замрзнување на проектот „Јужен тек“, пренесува ИТАР-ТАСС.

Русија сѐ уште не добила никакво известување на нити едно ниво за замрзнување на проектот „Јужен тек“, пренесува ИТАР-ТАСС.

Оваа изјава ја даде во четвртокот шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер.

„Никакви писмени известувања од бугарската страна не се добиени, ниту на меѓувладино, ниту на корпоративно ниво“, подвлече тој.

Според зборовите на Милер, во моментов сите дејства поврзани со „Јужен тек“ се одвиваат според планираното. Милер исто така подвлече дека раководството на концернот се наоѓа во конструктивен дијалог со Европската комисија за ова прашање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња