Претседателот Владимир Путин изјави дека 2015 година ќе биде прогласена за Година на руската литература во Руската Федерација.
„Сметам дека силен, сплотувачки проект за нас ќе биде Годината на литературата. Соодветниот указ веќе е потпишан“, изјави Путин.
Тој додаде дека го потпишал указот за создавање претседателски совет за руски јазик.
„Јазикот, историјата, културата, духовните вредности и националните традиции - тие се основа на сите основи, и вниманието на државата за нив треба да биде постојано. Само така може да се развива и да се зачува културниот интегритет, а со тоа и народот“, забележа претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче