Бугарија не се откажува од планираното учество во проектот „Јужен тек“. Ова го изјави министерот за енергетика на Бугарија, Драгомир Стојнев.
Според неговите зборови, проектот не може да биде прекинат, и тој кога-тогаш, ќе биде реализиран. „Проектот Јужен тек е значаен за Бугарија, но и за цела Европа“, изјави Стојнев. Министерот изрази уверување дека ќе биде најдено решение за сите спорни точки поврзани со изградбата на гасоводот.
Ден претходно бугарскиот премиер изјави дека прекинува реализацијата на проектот „Јужен тек“, сѐ додека не бидат обновени консултациите со Европската комисија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче