Министерството за енергетика на Руската Федерација не добило од Бугарија никакви информации за прекинот на работата врз проектот „Јужен тек“, пренесува ИТАР-ТАСС.
Како што забележа претставник на Министерството за енергетика, прашањето за „Јужен тек“ може да биде разгледано за време на трилатералната средба во Брисел, планирана за 8 јуни. Во неа учество ќе земат претставниците од Русија, Европската унија и Украина.
Претходно премиерот на Бугарија, Пламен Орешарски, изјави дека ќе прекине работата над проектот „Јужен тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.