Температурата на воздухот во Москва се искачи до 30,5 степени, пренесува „Интерфакс“ повикувајќи се на Хидрометеоролошкото биро во Москва.
„Тоа е за 0,1 степен повеќе од температурата измерена на 5-ти јуни 1988 година“, изјавија во Бирото.
Синоптичарите не исклучуваат дека четврток ќе биде најтоплиот ден во 2014 година.
Апсолутниот максимум во Москва е забележан на 21 јуни 1901 година, кога во Москва температурата изнесувала 34,7 степени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче