Медиуми: Русија и Кина подготвија финансиски предизвик за Западот

Москва и Пекинг заеднички работат на создавање “моќно оружје“, за да станат еднакви со Западот, пишува германскиот весник Die Welt. Тоа не се ракети, не се шпионски сателити - двете земји ја напаѓаат финансиската моќ на Западот. Се работи на создавање нови агенции за проценка на рејтингот, развојните банки и платниот систем, пренесува RT.

Пекинг и Москва се одлучија да го нападнат Западот на сите финансиски фронтови, пренесува ИноТВ. Заедничката агенција за проценка на рејтингот, националните платни системи, дестабилизацијата на доларот, новата развојна банка - сето тоа е, според мислењето на Die Welt, начин да му се нанесе на Западот „возвратен удар“.

Кина и Русија прво потпишаа договор за создавање агенција за проценка на рејтингот. Како што е нагласено во министерството за финансии, таа агенција „не е политичка“. На тој начин, Кина и Русија планираат да ја „потресат 'тројката' најголеми американски агенции кои денес доминираат на финансискиот пазар Standard & Poor's (S&P), Moody's и Fitch. Првите две агенции го намалија кредитниот рејтинг на Русија поради Крим, а третата се закани дека ќе го направи истото. На почеток агенцијата ќе се занимава со проценка на инвестициските проекти во областа на руско-кинеската соработка.

Групата големи земји во развој БРИКС, одамна разгледуваат план за основање на сопствена агенција за проценка на рејтингот. Овие земји се незадоволни од тоа што Standard & Poor's (S&P), Moody's и Fitch посветуваат повеќе внимание на развиените земји, а не се во состојба да дадат чесна оценка за економиите на земјите во развој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња