Албанија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Црна Гора воведоа нови санкции против руските и украинските политичари, кои властите на Европската унија ги сметаат за виновни за дестабилизацијата на ситуацијата во Украина, пренесува надворешнополитичката служба на ЕУ.
Според зборовите на шефот на европската дипломатија, Кетрин Ештон, тие држави ги усогласиле своите решенија според политиката на Европската унија.
Претходно претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, изјави дека државата се приклучила кон санкциите против Русија, бидејќи планира наскоро да стапи во составот на ЕУ и НАТО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче