Петицијата за внесување на Русија во списокот „држави-терористи“ собра 100.000 потписи

Петицијата со барање да се внесе Русија во списокот држави - спонзори на тероризмот, собра повеќе од 100.000 гласа. Петицијата се наоѓа на интернет-страницата на Белата куќа.

Петицијата со барање да се внесе Русија во списокот држави - спонзори на тероризмот, собра повеќе од 100.000 гласа. Петицијата се наоѓа на интернет-страницата на Белата куќа.

За да дадат американските власти одговор на петицијата, истата треба за еден месец да ја потпишат не помалку од 100.000 лица. Меѓутоа, администрацијата на претседателот на САД не секогаш ги разгледува петициите кои ги собрале потребните гласови.

Според текстот на петицијата, која се појави на интернет-страницата на 23 април. Русија спроведува во Украина тајни операции, кои може да се изедначат со меѓународниот тероризам.

 Вклучувањето во списокот влече зад себе економски и политички санкции од САД. Во моментов Стејт Департментот на САД ги смета Иран, Сирија, Куба и Судан за држави кои го спонзорираат тероризмот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња