Марин Ле Пен го нарече Путин „истомисленик“

Лидерот на француската партија „Национален фронт“, Марин Ле Пен, го нарече претседателот на Русија, Владимир Путин, свој истомисленик, човек кој ги штити вредностите на традиционалното општество и христијанското наследство, пренесува РИА „Новости“.

„Господинот Путин е патриот. Тој се грижи за суверенитетот на својот народ. Тој знае дека делиме исти вредности. Тоа се вредностите на европската цивилизација“, изјави Ле Пен.

Лидерот на францускиот „Национален фронт“ смета дека добрите односи со Русија претставуваат неопходен минимум за мир во Европа, а дејствата на ЕУ против Русија се противат на интересите на жителите на Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња