МНР на Русија: ЕУ ја губи довербата поради непризнавањето на реалиите во Украина

Во МНР на Русија изјавија дека Европската унија ја губи довербата како партнер на Русија, а исто така ги става под сомнеж обидите да има објективна улога во регулирањето на конфликтот во Украина, објавено е на интернет-страницата на руското министерство за надворешни работи.

„Не сакајќи да ги признаат реалиите во Украина и случувањата кои се појавија како резултат на антиуставниот преврат во Киев, Европската унија продолжува да ја губи довербата во очите на Русија, а заедно со тоа се ставаат под сомнеж обидите да води објективна политика во однос на конфликтот“, се кажува во соопштението.

Исто така, во МНР на Русија повикаа ЕУ да се однесува „со почит кон резултатите од референдумот кој се одржа во Донецката и Луганската област, и да помогнат да биде реализирана волјата на народот“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија