Поради случувањата во Украина Менделеевската олимпијада ќе се одржи во Москва

На 12 мај 2014 во Москва започна 48-та Меѓународна Менделеевска олимпијада по хемија (International Mendeleev Chemistry Olympiad), се кажува во извештајот за медиумите кој дојде до „Газета.ру“.

На 12 мај 2014 во Москва започна 48-та Меѓународна Менделеевска олимпијада по хемија (International Mendeleev Chemistry Olympiad), се кажува во извештајот за медиумите кој дојде до „Газета.ру“.

Отворањето се одржа во 14:00 часот во Московскиот државен универзитет.

Олимпијадата годинава требаше да се одржи во Киев во универзитетот „Тарас Шевченко“, но поради ситуацијата во земјата, беше донесено решение да се пренесе истата во Москва.

Во Олимпијадата ќе учествуваат екипи од 16 држави: Русија, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Бугарија, Унгарија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Романија, Таџикистан, Туркменистан, Турција, Узбекистан, Саудиска Арабија и Нигерија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија