Белорусија е заинтересирана за соработка со воената индустрија на Русија околу производството на ракети кои служат како мети за белоруските противавионски ракетни комплекси и авиони, пренесуваат руските медиуми.
Според зборовите на Игор Голуб, заменик командант на белоруското воено воздухопловство и ПВО, „за Белорусија главниот проблем се ракетите кои служат како мети. ние бараме сопствени начини, сили и финансии за решавање на тие задачи, но ако се има предвид дека Русија има големо искуство во тој домен, заинтересирани сме за понатамошна соработка во производството на ракети кои ќе служат како мети за нашите ПВО системи и авиони“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче