Лукашенко може да се откаже од Евроазиската економска унија

Официјален Минск не планира на 29 мај во Астана да го потпише договорот за создавање на Евроазиска економска унија, доколку тој оди против интересите на државата, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, а пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

„Денес ние, уште еднаш подвлекувам, водиме дијалог, пред сѐ со Русија, како да ги разрешиме овие прашања. Тие наскоро ќе бидат решени, бидејќи кон крајот на мај треба да се потпише договорот за создавање на економска унија. Во спротивно, ние не можеме да тргнеме против себе во таа економска унија“, подвлече тој.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев на 29 април извршија средба во Минск за да разговараат околу потпишувањето на договорот. Тогаш Лукашенко изјави дека Евроазиската унија треба да се создаде врз основа на отсуство на ограничувања во заемната трговија, вклучувајќи ја и нафтата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња