Русија може да подготви слични мерки како одговор на санкциите од Западот. Ова го изјави претседателот на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко. Според нејзините зборови, санкциите нема сериозно да влијаат на руската економија. Матвиенко се заблагодари на Западот за тоа што со своите чекори „сѐ повеќе го консолидира руското општество“.
Таа додаде дека тоа ќе овозможи диверзификација на руската економија и ќе го зголеми производството од високотехнолошката сфера.
Европската унија во вторникот објави список на уште 15 лица против кои се воведени санкции. Еден ден претходно САД во „црната листа“ вклучија 17 руски компании и 7 државјани на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче