МНР на Русија е разочарано од санкциите од страна на Јапонија

Одлуката на Токио да воведе визни санкции против неколку руски државјани е донесена под притисок и нема да допринесе за намалување на кризата во Украина, смета официјалниот претставник на министерството за надворешни работи на Русија, Александар Лукашевич.

Тој истакна дека Одлуката на Токио Москва ја примила со разочарување и дека Москва „нема да остане без одговор“.

Владата на Јапонија во вторникот објави дека ќе воведе додатни санкции против Русија поради ситуацијата во Украина.

Со санкциите се предвидуваат визни санкции за 23 претставници на официјални структури во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња