Извор: исклучено е воведувањето трговско-економски санкции од ЕУ против Русија

Претставник од министерството за надворешни работи на една од западноевропските држави изјави дека воведувањето на „тргковско-економски санкции против Русија е исклучено“, пренесува ИТАР-ТАСС.

Претставник од министерството за надворешни работи на една од западноевропските држави изјави дека воведувањето на „тргковско-економски санкции против Русија е исклучено“, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Денес меѓу државите на ЕУ не само што нема консензус за воведување економски мерки против Русија, но нема ни потреба од нивно воведување. Соодветно денешните услови, исклучено е воведувањето санкции против Русија. Државите од ЕУ можат да се решат на таков чекор само доколку руската војска навлезе на територијата на Источна Украина“, изјави дипломатот.

Според зборовите на дипломатот „разгледувањето на новите економски мерки ќе се случи за време на средбата меѓу амбасадорите на ЕУ во понеделник“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња