Обединетата авио-корпорација (ОАК) планира од 2016 година да започне со годишно производство на 60 авиони Sukhoi Superjet 100, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на прес-службата на организацијата.
Освен тоа, реализацијата на програмата за намалување на трошоците и зголемување на ефективноста на производството во 2014 година треба да даде позитивен ефект во приходите на компанијата, а во 2015 година треба да се зголеми оперативната рентабилност на компанијата.
„Динамиката на развој на корпорацијата целосно одговара на плановите и на показателите“, изјави претседателот на ОАК, Михаил Погосјан.
Профитот на ОАК во 2013 година изнесуваше 700 милиони рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.