Русија е огорчена од провокацијата во Славјанск, со која покажува неподготвеност на владата во Киев да ги задржи и разоружа националистите и екстремистите, се наведува во соопштението на МНР на Русија, објавено во неделата на интернет-страницата на министерството.
„Изненадува тоа што оваа трагедија се случи после потпишувањето на Декларацијата во Женева на 17 април, во која се повикува на воздржаност од сите видови насилство, застрашување и провокација“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
МНР на Украина го потврди фактот за размена на оган на контролниот пункт „помеѓу две групи граѓани“. Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Украина, „едно лице загинало, а тројца се ранети“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче