Путин ќе ги награди војниците кои го обезбедуваа референдумот на Крим

Претседателот на Русија, Владимир Путин во етерот на телевизискиот канал „Русија 1“ изјави дека ќе ги награди војниците кои учествуваа во обезбедувањето на референдумот на Крим на 16 март.

Претседателот на Русија, Владимир Путин во етерот на телевизискиот канал „Русија 1“ изјави дека ќе ги награди војниците кои учествуваа во обезбедувањето на референдумот на Крим на 16 март.

Шефот на државата изјави дека имињата на тие војници засега нема да бидат објавени, но тие ќе добијат награди.

Путин, притоа, не се сложи со мислењето дека имено присуството на руските војници на Крим за време на референдумот влијаело врз резултатите од гласањето.

„Ако оцениме чесно и објективно, целосно е јасно дека со цевките на автоматите не може да се натераат луѓето да излезат од нивните станови и куќи, да се натераат да заминат на избирачките места и да гласаат. Излезноста беше 83%“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.