Темпото на раст на руската економија во 2014 година ќе зависи од развојот на ситуацијата на Крим, изјави првиот вицепремиер на Русија, Игор Шувалов, во интервју за списанието Frobes.
„Светската банка прогнозира раст поголем од еден процент“, напомна тој. „Сепак, тоа не е најлошата прогноза. Ние имаме сопствени внатрешни и попесимистички процени, кои засега нема да ги обелоденувам“.
Според зборовите на Шувалов, „ситуацијата се менува“: „Треба да определиме како ќе ги инвестираме резервите во социјално-економскиот развој на Крим. Сега го определуваме финансирањето на државните програми, а по нив ќе се зафатиме со прогнозите за економскиот раст“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче