Неколку европски држави се плашат да воведат санкции против Русија, кои како резултат можат да им наштетат и на нивните економии. Ова го пишува The Wall Street Journal. Во случај да се донесат нови мерки од страна на Западот, Москва може да го намали извозот на нафта и природен гас во Европа, што ќе биде тешко време за европските држави кои само што излегуваат од двегодишната рецесија, се кажува во статијата.
Освен тоа, „европските банки сѐ уште 'доаѓаат при себе' после финансиската криза на континентот, и паѓањето на рубљата ја намалува вредноста на нивните руски активи“, забележува изданието. Во статијата, исто така, се напомнува дека стравовите, поврзани со потенцијалниот пад на европските економии поради санкциите против Москва, ги анулираат обидите на Г-7 да застане во еден глас против Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче