Премиерот на Полска е против укинувањето на безвизниот режим со Калининградската област

Премиерот на Полска, Доналд Туск е против укинување на безвизниот режим за локалното население во Калининградската област. Оваа изјава тој ја даде за време на посетата на еден од пограничните региони на републиката.

„Ние знаеме што се случува меѓу обичните луѓе. Тие сакаат да ги посетуваат регионите од обете страни на границата заради трговија и туризам...“, забележа Туск.

Според неговите зборови, зачувувањето на нормалните односи со Русите во рамките на пограничното преминување на границата во иднина ќе биде „важно за развивање на добрите полско-руски односи“.

Преминувањето на границата се остварува врз основа на специјални дозволи кои се даваат во конзуларните оддели и визни центри на двете држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.