Јуриј Продан, кого власта во Киев го постави за министер за енергетика и рударство на Украина, предупреди дека Киев ќе се обрати до Меѓународниот арбитражен суд во Стокхолм доколку Русија не ја спушти цената на гасот на претходното ниво.
Украинските власти сметаат дека не е прифатлива новата цена на гасот, која оваа недела ја објави рускиот премиер, Дмитриј Медведев, а која изнесува 485 долари за илјада метри кубни. Арсениј Јацењук истакна дека претходната цена од 268 долари за илјада кубни метри е избалансирана пазарна цена за која Киев е подготвен да плати.
Претходно директорот на „Гаспром“, Алексеј Милер, изјави дека Русија не добила ниту еден долар за мартовските испораки на гас во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче