Полесно до руско државјанство за оние кои го знаат рускиот јазик

Државната дума го прифати законскиот проект за упростување на процедурата за добивање руско државјанство за носителите на рускиот јазик. Ова го пренесува РИА „Новости“.

Државната дума го прифати законскиот проект за упростување на процедурата за добивање руско државјанство за носителите на рускиот јазик. Ова го пренесува РИА „Новости“.

Странските граѓани (или лица без државјанство) ќе можат да добијат руско државјанство по упростена постапка доколку се решат да се преселат постојано во Русија и се откажат од претходното државјанство. Тие треба да поминат разговор со специјална комисија за утврдување на степенот на познавање на рускиот јазик. Тоа ќе можат да го остварат само лица чии роднини живеат или порано живееле на територијата на СССР или Руската империја, или во рамките на границите на современа Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња