Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва предлага на САД и ЕУ заедно да формулираат општи препораки за Киев.
„Предлагаме нов устав за Украина, со што ќе се обезбеди создавање на федерална држава, која ќе ги гарантира правата на сите кои живеат во Украина“, изјави Лавров за време на програма на „Првиот канал“.
Исто така, шефот на МНР на Русија забележа дека игнорирањето на интересите на регионите каде се зборува рускиот јазик ќе доведе до припаѓање на уставната реформа.
„Денешните раководители во Киев се спротивставуваат на идејата за пренесување на овластувањата на регионите во Украина, а ние сме убедени дека само по пат на федерализација може тоа ефективно да се направи. Ако се игнорираат интересите на сите кои го зборуваат рускиот јазик во Украина, тогаш пропаста на уставната реформа е сигурна“, подвлече Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче