Годината на културата на Русија на Крим ќе започне во април, пренесува РИА „Новости“ повикувајќи се на изјавата на координацискиот совет за култура при министерството за култура на републиката, Арина Новоселска.
Се пренесува дека во моментов министерството за култура на Крим се интегрира во системот на работа на Министерството за култура на Русија.
„Ние започнавме заедничка работа на сите нивоа, активно навлегуваме во системот на работа на Министерството за култура на Русија и се чувствуваме, буквално, како најсакани деца“, подвлече Новоселска. „Знаете дека во април се одбележува 70-годишнината од ослободувањето на Крим од фашизмот, и тоа за нас ќе биде голем проект. Одделно ќе се спроведе и Годината на културата на Русија на Крим, исто така во април“, изјави Новоселска за плановите и активностите на Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче