Русија одговори на оние кои сакаат да ја лишат од правото на вето во ООН

Постојаниот претставник на Русија во ООН, Виталиј Чуркин, во својот говор во Генералното собрание категорично ги отфрли предлозите на Русија да ѝ се укине или ограничи правото на вето во Советот за безбедност во ООН, на што инсистира Украина.

„Правото на вето не е само една од најважните компоненти на системот за кочници и рамнотежа, туку и клучен елемент во механизмот на носење колективни одлуки - елемент кој ги стимулира членовите на Советот да бараат компромис. Без правото на вето целата конструкција би ја изгубила стабилноста, би се претворил Советот за безбедност во орган кој произведува одлуки“, нагласи дипломатот, изразувајќи уверување дека Русија своето право на вето отсекогаш го користела максимално одмерено, и дека тоа не е само прерогатив, туку и огромна одговорност.

Советот за безбедност во моментов брои 15 членови, од кои пет земји (Русија, САД, Кина, Велика Британија и Франција) имаат статус на постојани членови и поседуваат право на вето. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.