Инвестициите во основниот капитал во Русија во периодот од јануари до февруари годинава се намалиле за 5% во споредба со истиот период во минатата година. Ова следува од материјалите на Росстат, а пренесува „Газета.ру“.
Во минатиот месец инвестициите покажале намалување од 3,5% на годишно ниво, додека на месечно ниво - раст од 30,7%. Вкупниот обем на инвестиции во Русија во февруари изнесува 13 милијарди евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.