ЕУ го објави „црниот список“ со чиновници од Русија и Украина

Европската унија го објави списокот на официјални лица од Русија и Украина кон кои ќе бидат воведени санкции, пренесува Ројтерс. Во списокот се најдоа 21 лице.

Европската унија го објави списокот на официјални лица од Русија и Украина кон кои ќе бидат воведени санкции, пренесува Ројтерс. Во списокот се најдоа 21 лице.

Санкциите ќе бидат воведени кон лидерот на паријата „Праведна Русија“, Сергеј Миронов, пратениците Леонид Слуцки и Сергеј Железњак, сенаторите Озеров, Рижков, Дабаров, клишас, Бушмин и Тотоонов, а исто така и кон спикерот на Врховната рада на Крим, Владимир Константинов, премиерот на Крим, Сергеј Аксјонов, како и вицепремиерот Рустам Темиргалиев.

Освен тоа, во списокот се најдоа командантите на Црноморската флота, Јужниот и Западниот воен округ на Русија.

Претходно претседателот на САД, Барак Обама, потпиша указа за блокирање на активите на руските чиновници. Наредбата на Обама ги опфати Валентина Матвиенко, спикер во Советот на Федерацијата, Дмитриј Рогозин, вицепремиер на Русија, Владислав Сурков, помошник на претседателот на Русија, како и неколку други високи украински чиновници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња