Државната дума вети дека „во најбрз можен рок ќе го прими Крим во составот на РФ“

Потпретседателот на Државната дума, Сергеј Наришкин, вети дека долниот дом на рускиот парламент во најбрз можен рок ќе го разгледа прашањето за приклучување на Крим кон Русија, пренесува „Интерфакс“.

Потпретседателот на Државната дума, Сергеј Наришкин, вети дека долниот дом на рускиот парламент во најбрз можен рок ќе го разгледа прашањето за приклучување на Крим кон Русија, пренесува „Интерфакс“.

„Резултатите од референдумот покажаа дека жителите на Крим својата иднина ја гледаат во составот на Русија. Луѓето гласаа за соединување на народите кои отсекогаш живееле заедно“, истакна тој. Според мислењето на Наришкин, „бројот на луѓе кои излегле на избирачките места и гласале за влез на Крим во составот на Русија зборува сам по себе“.

Референдумот на Крим беше одржан на 16 март. Според официјалните податоци, за приклучување на Крим кон Русија гласале 97% од гласачите, а излезноста надмина 82%.

После референдумот Врховниот совет на Крим донесе резолуција „За независност на Крим“. За резолуцијата гласаа 85 пратеници, пренесе прес-центарот на парламентот. Во усвоениот документ се наведува дека Република Крим ја претставува Врховниот совет, кој „се обраќа на Руската Федерација со предлог да биде примена во составот на РФ како нов субјект со статус на република“.

На заседанието на парламентот на Крим, исто така, беше усвоена одлука за преминување на Крим на московско време од 30 март. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња