Путин не жали за можното исклучување од Г-8

Претседателот на Русија, Владимир Путин, не жали за можното исклучување на Русија од „големата осумка“, соопштува РИА Новости.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, не жали за можното исклучување на Русија од „големата осумка“, соопштува РИА Новости.

Изјавата ја даде портпаролот на шефот на државата, Дмитриј Песков, како одговор на прашањето дали претседателот „жали“ поради тоа што Г-8 може да остане без Русија.

„Не, претседателот не жали“, подвлече Песков. Освен тоа, тој изјави дека Русија нема да внесува никакви измени во својата надворешна политика на фонот на разговорите за можни санкции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња