Русија ѝ одобри на Унгарија кредит од 10 милијарди евра

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, го одобри нацрт договорот за кредит на владата на Унгарија, наменет за финансирање на изградбата на два реактора во нуклеарната централа Пакш.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, го одобри нацрт договорот за кредит на владата на Унгарија, наменет за финансирање на изградбата на два реактора во нуклеарната централа Пакш.

Договорот за кредитот беше потпишан во јануари годинава за време на посетата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во Москва. Предвидена е изградба на два блока со капацитет од 1000-1200 MWt. Нуклеарната централа Пакш е единствената нуклеарна централа во Унгарија, изградена според советски проект. Оваа централа произведува повеќе од 40% од вкупната електрична енергија во земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња