Северните региони на Русија до 2016 година треба да започнат со мониторинг на теренот со помош на балони опремени со термални и видео-камери, ласерски сензори и радари, јавува „Интерфакс“.
Нивната употреба е вклучена во „патната мапа“ - „Иновацискиот транспорт на Северот“, подготвена од работна група на Воено-индустриската комисија при владата на Русија.
Во таа програма е предвиден транспорт до непристапните региони на рускиот Краен Север, Сибир и рускиот Далечен Исток. Ќе се користат два модела на летала: беспилотниот балон ДП-27 „Ањута“ и аеростатот ЕМАК.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче