Шефот на Стејт департментот на САД, Џон Кери, ја одложи својата посета во Русија. Ова, како што пренесува РИА Новости, го изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Му предложивме на Џон Кери да допатува во согласност до молбата на претседателот Обама. Тој првично се согласи, но во саботата ми заѕвони и ми рече дека засега би сакал да ја одложи посетата. Во Вашингтон се појави нов документ, кој тој вчера го прати и кој го анализиравме, и поради кој се појавија многу прашања“, изјави Лавров.
Претходно Кери во телефонски разговор со Лавров изјави дека во Русија „Русија да се обиде да го анектира Крим“, понатамошен дијалог меѓу САД и Русија ќе биде невозможен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче