Заменикот претседател на комитетот во Државната Дума за индустрија, Павел Дорохин, изјави дека Русија е подготвена да издели околу 790 милиони евра за поддршка на претпријатијата на Крим доколку тој влезе во составот на Руската Федерација, пренесува „Интерфакс“.
Тој, исто така, подвлече дека веќе разговарал на таа тема со премиерот на Крим, Сергеј Аксјонов.
„Владата на Русија веќе резервираше големи средства, околу 40 милијарди рубљи (790 милиони евра) за поддршка на развојот на индустриско-економската инфраструктура на Крим. Пред сѐ, тоа ќе се однесува на претпријатијата кои се поврзани со одбранбено-индустрискиот комплекс, изградбата на машини и сервисирање на бродовите“, изјави Дорохин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче