Репрезентацијата на Русија го освои 15-от медал во осмиот натпреварувачки ден на 22 Зимска Олимпијада во Сочи, пренесува РИА „Новости“.
Руската репрезентација го надмина резултатот поставен на Олимпијадата во 2010 година во Ванкувер. Тогаш претставниците на Русија освоија вкупно 15 медали.
Вчера златен медал освои репрезентативецот од Русија во скелетон, Александар Третјаков, како и рускиот претставник во дисциплината брзо лизгање на кратки патеки - Виктор Ан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче