Тренерот на Плушченко: Ги молам навивачите на Плушченко да не го сфаќаат трагично крајот на неговата кариера

Познатиот руски лизгач Евгениј Плушченко се откажа од понатамошното натпреварување на Зимската олимпијада во Сочи и официјално изјави дека тоа е крај на неговата спортска кариера, пренесува РИА „Новости“.

Пред настапот во кратката програма, Плушченко поради повреда на грбот не мораше да се откаже од натпреварувањето во поединечна категорија.

Министерот за спорт на Русија, Виталиј Мутко, објасни дека повредата на Плушченко се влошила на тренингот во четвртокот.

„Ги молам сите кои го сакаат и почитуваат неговиот талент да не го драматизираат тоа што се случи. Нека и понатаму го почитуваат неговото залагање и медали“, изјави тренерот на Плушченко, Алексеј Мишин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.