Челјабинскиот метеорит тежел 654 кг

Тежината на најголемото парче на челјабинскиот метеорит, кој беше најде во езерото Чебаркуљ во октомври минатата година, изнесува 654 кг, изјави во четвртокот шефот на катедрата за теоретска физика при Челјабинскиот универзитет, Александар Дудоров.

„Сега можеме да кажеме дека тежината на главното парче изнесувала 654 кг. Освен тоа, собрани се и 100 кг помали парчиња“, изјави Дудоров.

Според податоците на научниците, парчето со тежина од 654 кг при подигањето од езерото и мерењето се раскршило на неколку делови, па како главно парче се смета фрагментот со тежина од 540 кг. Тој сега се чува во локалниот музеј во Челјабинск.

Според зборовите на Дудоров, до 95% од парчињата на метеоритот кои беа најдени на местото на паѓање на метеоритот „се нашле во многу раце низ целиот свет, а тоа дополнително го усложнува нивното испитување.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.