Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека се надева на искористеност на капацитетите и објектите во Сочи во следните 100 и повеќе години.
„Јас сметам дека луѓето ќе ги користат овие објекти 100 и повеќе години. И не зборувам само за инфраструктурата, туку и за спортските објекти“, забележа Путин.
Тој исто така напомна дека изградени се 15 спортски објекти во Сочи, чија вредност изнесува 214 милијарди рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.