Руските научници и инженери се подготвени да создадат високопрецизно оружје, кое според својата моќ може да се спореди со нуклеарните, јавува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на Георгиј Рикованов, раководител на научната програма во Рускиот федерален нуклеарен центар.
„Високопрецизното оружје постои одамна. Сега се поставува амбициозна задача: тоа да може да погоди било која зададена мета на далечина поголема од 100 километри. Претходно за таквите цели беше потребна примена на нуклеарно оружје поради недоволната прецизност на испорака на боевата глава на такви далечини. Сега атомската бомба има алтернатива“, кажува Рикованов.
„Ги поседуваме сите неопходни технологии: создадени се инерцијалните навигациски системи и системите за управување и глобално позиционирање (ГЛОНАСС), се произведуваат микроелектронски уреди кои се доволни интегрирани за да можат да ги решаваат овие задачи“, додаде научникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче