Олимписка изложба започнува во центарот на Москва

Изложбата „Сезона на победи!“, посветена на XXII Олимписки и XI Параолимписки зимски игри во 2014, како и на вековниот јубилеј на Олимписката симболика, започнува во Москва во централниот Изложбен простор „Манеж“.

Изложбата „Сезона на победи!“, посветена на XXII Олимписки и XI Параолимписки зимски игри во 2014, како и на вековниот јубилеј на Олимписката симболика, започнува во Москва во централниот Изложбен простор „Манеж“ на денот на отворање на ОИ во Сочи - 7 февруари. Изложбата е дел од програмата на Културната олимпијадата "Sochi 2014 Culture".

На изложбата ќе бидат претставени 700 експонати, меѓу кои штафетите од 1980 и 2014 година, спортска опрема и олимписки униформи на шампионите од разни доба, како и други раритети, историски артефакти и дела на современите уметници.

Гостите на изложбата ќе можат да погледнат и директен пренос на некои од спортските случувања на ОИ 2014 преку голем екран, како и ретки кадри од олимписката кинохроника. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња