Претседателот на САД, Барака Обама во петокот во интервју за американските новинари, одговарајќи на прашањето дали на своите блиски пријатели би им посоветувал да одат на Олимпијадата во Сочи, одговори: „Веднаш би им рекол дека во Сочи е безбедно“.
„Руските власти разбираат за каков влог станува прашање, - наведе американскиот лидер. - Тие разбираат дека постојат потенцијални закани. И ние ги координираме нашите напори со нив.“
Зимските Олимписки игри започнуваат во Сочи на 7 февруари. Таму веќе пристигна репрезентацијата на САД, составена од 230 лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.