Економските штети на Црна Гора во случај на форсирана евроинтеграција ќе изнесуваат најмалку 1,5 милијарди долари во наредните десет години, се наведува во извештајот на Институтот за експериментална економија и финансии на МГУ, објавен на 28 јануари.
Во истражувањето е изнесена констатација дека желбата на Црна Гора за влез во ЕУ и НАТО довела до заладување на односите со Русија, која е еден од најголемите инвеститори во нејзината економија.
Заминувањето на руските компании од Црна Гора би можел да доведе до намалување на растот на локалниот бруто домашен производ до 0,2-0,5% годишно, а европските визни ограничувања ќе го намалат приливот на туристи од Русија, кои во моментов бројат 20% од посетителите од странство.
Според информациите на Институтот, 25% од директните странски инвестиции во Црна Гора се обезбедени од руски државјани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.